29 Април, 2024
0.0266

(ФОТО) Родос – Бисерот на Грција

Објавено во: Стил 06 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Родос е вториот по големина остров на Грција. Должината на крајбрежјето е околу 220 километри. Островот е меѓу поатрактивните во Европа и особено во Грција. Величенствени плажи, кристално чиста вода, прекрасна медитеранска клима, прекрасни пејзажи, традиционална храна - ова се само дел од убавините на островот. Неслучајно е наречен бисер на Грција.

Еве и некои од најатрактивните места каде што можете да поминете незаборавен одмор:

На островот Родос има над 40 плажи - од песок, до школкести и каменити. Најпознатите песочни плажи се Фалираки, Цамбика и Пефки, Плажите на Линдос и Св. Павле се познати со егзотичната пејзажи.

lindos1

Една од најпознатите знаменитости на островот е „Колосот од Родос“. Познатата статуа на богот Хелиос се издига на височина 32 метри и била едно од Седумте светски чуда. Нејзината точна локација не е сосема јасно, но е познато дека таа била од бронза и е насликан богот-сонце. Била највисоката статуа во антиката, но подоцна била уништена од земјотрес во III или IV в. П.н.е.

rhodes

Стариот град на Родос, кој се наоѓа во островската престолнина, е еден од најстарите и добро сочувани градови од антиката во цела Европа. Средновековната улица на витезите е уникатно место.

rhodes2

Линдос е вториот по големина град на островот. Најпознатата атракција е Акрополот на Атина Линда, изграден во II век пр. Хр. Покрај Акропол, интерес предизвикува и древниот театар, кој е лоциран на југозападната падина на Линдос.

lindos

Романтичната Долина на пеперутките е друга интересна атракција на овој прекрасен остров. Името доаѓа од тоа дека на местото има голема колонија од тигарести пеперутки најмногу во летото. Во јуни и септември долината личи на повеќебојна бајка.

thevaleyofbutterflies

За да ги посетите сите интересни места кои овој остров ги нуди, ќе ви треба повеќе од една недела. Најосновните места кои по секоја цена треба да ги посетите, се најубавите историски знаменитости, прекрасните замоци и совршените плажи.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти