03 Мај, 2024
0.0310

(ФОТО) Срцепарателни простувања од убиените Мусаи во Австралија: зошто ги уби таткото ќерката и зетот?

Објавено во: Македонија 05 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Mладата девојка од Јаравил, предградие на Мелбурн, застрелана покрај сопругот во новогодишната ноќ во нивниот приградски дом, ќе остане запаметена како убавата Линдита која ја пронашла својата вистинска љубов. 

Вака ја опишуваат австралиските медиуми преубавата Линдита Мусаи која неофицијално е убиена од сопствениот татко.

Младиот албанско-австралиски пар Линдита и Ветон Мусаи, тукушто ја прославиле својата годишнина од венчавката кога во вторникот околу 10:30 часот се убиени од заседа во нивата куќа.


Госпоѓата Мусаи (25) починала на местото на злосторството, а нејзиниот сопруг 29 годишниот Ветон починал во болница на новогодишниот ден од повреди, пренеусваат локални австралиски медиуми.

Таткото на госпоѓа Мусаи, Осман Шаптафај, кој е сместен во болница поради повреди од огнено оружје, останува во полицискиот оддел во болницата.

Детективите сеуште го истражуваат убиството кое се случило во куќата на брачната двојка.

Но, полицијата потврдила дека не бара никој друг осомничен во врска со трагедијата.

На социјалните мрежи сеуште роднините и членовите на албанската заедница во Мелбурн се простуваат од двојката која настрада.


Линдита, рецепционерка на компанија за недвижнини во компанијата „Colliers International“, и Ветон, кој бил лидер на тимот на Националната Австралиска банка и стравствен фудбалски навивач, планирале проширување на семејството.

Збунетите пријатели на Фејсбук со трогателни зборови искажуваат сочувство со коментари: „Таков прекрасен пар.Срцето ми се кине...Зошто???

Двојката, која била позната како „прекрасен“ пар на кој му е предодредено да има деца со „преубави“ очи, се свршила кон крајот на 2017та а се венчал година дена подоцна.

Како што додаваат меѓудругото, австралиските медиуми, на фотографиите од венчавката на брачниот пар се изведувани традиционални албански танци.


Линдита била позната како обожавателка на смеата, а Ветон како момче кое цело време ја засмевал, пренесува The Age.


-Секогаш беше насмеана, секогаш се грижеше за другите. Секогаш играше на Мајкл Џексон и правеше се за на другите да им биде забавно-рекла пријателката на Линдита за локални медиуми.

Полицијата, како што е објавено подоцна го пронашла и оружјето недалеку од местото на несреќата.


-Денес го изгубивме мојот прекрасен роднина Ветон Мусаи, и неговата сопруга со ангелско лице Линдита Мусаи...Не можам ни да почнам да објаснувам како се чувствувам-пишува роднината на Фејсбук додавајќи дека единствено нешто што ги држи силни е вербата во Бог.


Имено...

Службите за брза помош се повикани во домот на парот во Јаравил околу 10,30 утрото на новогодишната ноќ. Линдита е најдена мртва и Ветон како се бори за неговиот живот, откако претходно двајцата се здобиле со повреди од куршум во горниот дел од телото.

-Овој човек тукушто излезе од грмушките кои се гледаат периферно од мојот видик-рекол сведокот Левис Трон за  Nine News дека го видел напаѓачот.

Се дознава дека Мусаи тукушто биле стигнати дома на имотот во Салисбур улицата, кога  се убиени од Осман Шаптафај кој наводно имал наруѓени односи со својата ќерка и дури не бил поканет ниту на нејзината свадба. Осман исто така има потекло од Македонија. 

Од друга страна Витон е син на на водачот на албанската заедница Австралија, Алил Мусаи.

Алил таму кој пристигнал во осумдесетите години од минатиот век од Македонија, и како што е познато им помогнал на многу други Албанци кои подоцна ќе пристигнат во Австралија.


Кога стигнале членовите на семејството, на местото на злосторството се одвивале срцепарателни сцени.

Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

ФАКТОР НА ДЕНОT: Силјановска Давкова и Пендаровски со спротивставени ставови за тоа кој бега од дуел, се јави и МТВ

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

СПАСОВСКИ: Просечната плата ќе биде 1.100 евра, а минималната 600 евра

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

ОДЛУКА ОД СЕДНИЦА НА ВЛАДА: Цената на осигурувањето од автоодговорност се враќа на ниво од пред 25 април

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

КОВАЧЕВСКИ: Досегашните директори нема да бидат на чело на Агенцијата за млади и спорт по изборите

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ПЕНДАРОВСКИ: Давкова си закажала дебата сама со себе на МТВ

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

ХОРОР: Го грабнале, избоделе и го оставиле кај Транспортен со закани да не пријавува во полиција

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Jас ќе дебатирам со празно столче, да го потсетам Пендаровски дека последната дебата е закажана за понеделник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

КОВАЧЕВСКИ: Tој што не може да формира влада значи изгубил на изборите бидејќи влада се формира со минимум 61 пратеник

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?

ОСМАНИ ЗА ФОРМИРАЊЕТО ВЛАДА: Како размислувате уште дека Албанците можат да бидат народ кој што е поканет или непоканет?