(ФОТО) Уникатна куќа на Флинстоун која никој не сака да ja купи
Објавено во: Стил 25 Јули, 2016
Уникатна куќа, која се наоѓа во американскиот град Хилзбро, во Калифорнија, останува непродаденa, иако веќе 1 година е на пазарот. За жителите на Сан Франциско имотот е познат како „Куќата на Флинтстоун“.
Таа се протега на голема површина и првично е ставена на аукција за 4,3 милиони долари. Сепак, се чини дека никој не е толку фасциниран од „Куќата на Флинтстоун“, за да даде богатство за неа.
Всушност многу од соседите и локалните луѓе го нарекуваат имотот грда глетка, особено откако е обоен во портокалова и виолетова боја, пренесе „Tech Insider“.
Еве го и домот, кој предизвикува контроверзни чувства кај локалните мештани:
Дури оддалеку се гледа дека „Куќата на Флинтстоун“не е стандарден имот
Имотот, направен од бетон, бил обоен во портокалова и виолетова боја и оттогаш локалните жители не го сакаат. Кога куќата била изградена во 1976 година, таа била во бела боја.
Целата куќа е украсена со обложени и уникатни уметнички дела кои одговараат на надворешноста
Боите внатре одговараат на оние однадвор
Имотот е изграден со нестандардни тавани
Една од најневообичаените кујни, кои некогаш сте ги виделе
Трпезаријата со прекрасен поглед кон надвор
Спалната соба со прозорец на таванот за глетки кон ѕвездите
Бањата на Флинстоун изградена делумно од камен
Холот во кој можете да одморате до каминот
Дворот со убава градина