29 Април, 2024
0.0256

ФОТО+ВИДЕО: Филипински остров прогласен за најубав во светот

Објавено во: Стил 10 Август, 2016

Добивај вести на Viber

Списанието Travel + Leisure избра 10 најдобри и најубави острови во светот, а на листата како и обично доминира пацифичкиот регион.

2

Изборот го направиле самите корисници на сајтот, кои во текот на целата година ги оценувале природните убавини, активностите, туристичките атракции, услугата, инфраструктурата, храната, морето и плажите. Исто како и во 2013 година, победникот и оваа година е филипинскиот остров Палаван. Главен град е Пуерто Принсеза. Најубавиот остров на светот е чиста перфекција.

3

Островот Палаван е рајот на планетата Земја. Тој е скриеното место кое плени со неверојатен мир и убавина. Неслучајно е на врвот на листата на најубавите острови во светот. Малите рибарски села околу островот ја надополнуваат целата атмосфера.

4

До островот може да се стигне со брод или авион, а идеално време е од октомври до мај.

5

Во Палаван живеат 87 различни културни групи и раси. Меѓу населението има големи влијанија од културите на Јапонија, Кина, Индија и Блискиот Исток. Природниот прираст на населението изнесува 3,98% годишно.

[embed width="700" height="450" ]http://youtu.be/2ZKPOSbHwmk[/embed]

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти