Фотографија со насилната дадилка кружи низ Фејсбук
Објавено во: Македонија 24 Ноември, 2019
Фотографија и името на дадилката која беше снимена на камери како го тепа малото детенце што и беше доверено на чување, веќе се врти по социјалната мрежа Фејсбук.
Станува збор за Живка Пеовска, која има 59 години.
Фактор ја пренесува сликата објавена на социјалните мрежи, но со цел да не се наруши приватноста, нејзиниот лик го објавуваме заматен.
Граѓаните кои на Фејсбук ја споделуваат фотографијата, пак, тоа го прават со мотив, како што велат, дека тоа лице секој треба да го види и запамети, и дека „е доста од прикривање идентитети и замаглени фотографии“.
Инаку, и пред неколку години имаше претепување на деветмесечно бебе кое заврши со изрекнувањето на 14-месечната затворска казна.