(ФОТО+ВИДЕО) ГОРИ СЕЛО КАЈ АТИНА: Луѓето бегаат од своите домови
Објавено во: Балкан 14 Август, 2017
Пожари беснеат во соседна Грција.
Пожарот кој избил во едно село кај Атина, уништил неколку куќи и го принудил локалното население да ги напушти своите домови.
Во гасењето на огнот во Каламос, на 45 километри од главниот град учествуваат повеќе од 150 пожарникари со 50 возила и три хеликоптери за гасење на пожари.Нема податоци за повредени, но многу куќи се уништени. Луѓето ноќта ја поминаа на отворено.
Грчките власти наредиле евакуација на два кампа за млади кои се наоѓаат во таа област.
Причината за пожарот треба да се истражи.
Во Грција гори на 12 локации.