Добивај вести на Viber
Навивачката група „Комити“ вечерва со факели ја осветлија Националната Арена „Тодор Проески“, со која стопанисува АДСДП, во чест на „Вардар“. На овој начин симболично е означен успехот на акцијата ,,Спас за Вардар" преку која беа продадени 32.000 билети. Собраните средства се наменети за финансиска поддршка на клубот. Билетите беа продадени онлајн, а настанот согласно ковид протоколите, беше одржан без публика.
АД за изградба и стопанисување со станбен и со деловен простор од значење за Републиката - Скопје како општествено одговорна фирма и поддржувач на македонскиот фудбал, даде активен допринос во организирањето на настанот.