(ФОТО+ВИДЕО) НА ЕДНО МЕСТО ПУТИН, ЕРДОГАН, ВУЧИЌ И БОРИСОВ: Пуштен во употреба Турски тек
Објавено во: Балкан 08 Јануари, 2020
Турскиот и рускиот претседател, Реџеп Таип Ердоган и Владимир Путин свечено го одбележаа пуштањето во работа на гасоводот Турски тек кој ќе го пренесува рускиот гас до Европа преку Турција.
Нив им се придружија и српскиот претседател, Александар Вучиќ и бугарскиот премиер Бојко Борисов.
Гасоводот минува преку Црното Море и ги јакне енергетските врски меѓу Москва и Анкара, кои ја зајакнаа и одбранбената соработка откако Анкара минатата година го купи напредниот руски противракетен систем С-400.
Русија и Турција ги координираат и воените акции на североистокот на Сирија иако поддржуваат спротивставени страни во борбите за Идлиб, а се на спротивни страни и во борбите за контрола врз Либија.
По пуштање на компресорските станици во Бугарија и Србија, ќе се обезбеди потребниот притисок за тој гас да тече кон Унгарија и понатаму до централно-европските гасни складишта.