02 Мај, 2024
0.0448

(ФОТО+ВИДЕО) СИЛЕН ВЕТЕР НА БАЛКАНОТ: Во многу градови нема струја, урнати се дрвја и минаре

Објавено во: Балкан 12 Декември, 2017

Добивај вести на Viber

Делови од Балканот денеска беа погодени од силен ветер кој предизвика материјални штети, проблеми во сообраќајот и прекини на снабдувањето со струја и вода.

Силниот ветер, кој дува низ цела Хрватска предизвика значително проблеми во сообраќајот. Од невремето најмногу е погоден реонот на Горски Котар, кој е целосно отсечен. 

Во тој дел на Хрватска се затворени сите државни и локални патишта, првенствено поради опасноста од паѓање на дрвја. 

Дел од автопатот Ријека-Загреб е отворен само за патнички возила, додека на Јадранската магистрала меѓу Нови Винодолски и Сењ забранет е сообраќајот за катни автобуси, мотори и возила со камп приколки.


Хрватскиот автоклуб предупредува на влажни коловози и можни одрони во Истра, хрватското приморје, Горски Котор и во централна и северозападна Хрватска.

Во текот на денот беше затворен и граничниот премин Грушковје-Мацел кон Словенија поради лизгање на земјиштето, паднати дрвја и одрони.

Неколку патни правци во Словенија се непроодни, а многу домаќинства во земјата се без струја и вода.

Во централниот дел на Словенија, во регионот на Љубљана, околу 18.000 домаќинства немаат електрична енергија. Без струја останаа и 10.000 потрошувачи во областа Марибор. 

Во северозападниот дел од Словенија, затворени се основните училишта, а во реонот на Корушка и Целје ветрот ги однесе покривите на неколку куќи и деловни објекти.

Ветерот откорна многу дрва, поради што се непроодни и главните патишта, додека автопатот Драженци-Грушково, кој води кон Хрватска, е затворен поради одрони.

Во БиХ има голема штета во неколку општини.

Во Тешањ, е урнато минарето и се нанесени штети на една џамија, поради што се оштетени и неколку објекти, кои се наоѓаат во близина.

Во населбата Јеваџије е однесена покривна конструкција на станбена зграда, а во местото Радуша е урнат електричен столб.

На територијата на општина Маглај, силниот ветер уриваше стебла и покриви на куќи.

Во Бања Лука, ветровите достигнуваат до 100 километри на час, а три лица се повредени кога ветрот урна покриви на две места. 

Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот