ФОТО+ВИДЕО: Судири меѓу анархистите и полицијата во Атина
Објавено во: Балкан 18 Ноември, 2016
Судири меѓу анархистите и полицијата избувнаа синоќа во Атина, додека мирно поворка се насочи кон амбасадата на САД за годишнината од студентскиот бунт во 1973 година.
Околу 17 000 луѓе се упатија кон амбасадата. Околу 3.000 полицајци беа распоредени во центарот на Атина како превентивна мерка.
Насилство изби во друг дел на градот. Десетици анархисти го окупираа комплексот на Националниот технички универзитет, местото на неуспешниот бунт, и фрлаа врз полицијата молотови коктели и камења.
Полицијата во борба со безредијата одговори со солзавец и чадни бомби, додека на улиците крај универзитетот избувнаа судири. Полицијата уапси 13 лица, а нема податоци за жртви.
Освен во Атина, немири имаше и во Солун, Јанина и во Волос.
На 17-ти ноември 1973 година воената хунта испрати тенкови на Политехничкиот универзитет во Атина кој беше заземен од студентите и граѓани, протестирајќи против диктатурата. Најмалку 24 луѓе загинале, а повеќе десетици биле ранети.