(ФОТО+ВИДЕО) ТРИ ЗЕМЈИ СЕ БОРАТ СО ПОПЛАВИ: На Балканот драматично
Објавено во: Балкан 19 Март, 2018
Унгарија, Хрватска и Романија се зафатени од силно невреме.
Неколку илјади домаќинства во источна Унгарија се без струја, откако за викендот земјата ја погоди снежно невреме.
Снегот предизвика проблеми во железничкиот и патниот сообраќај.
Невреме има и во Хрватска, каде војската се бори со најдојдената река Сава, чиј водостој е на рекордно високо ниво. Само во Карловац состојбата се смирува и граѓаните можат да здивнат. Јасеновац е поплавен, а сликата таму е драматична.
Десетици летови се откажани денеска во Романија поради снегот и замрзнатиот дожд.