11 Мај, 2024
0.0280

Градоначалникот на Ресен по првиот позитивен случај во градот: Повикав итна седница на кризен штаб

Објавено во: Македонија 10 Јуни, 2020

Добивај вести на Viber

Живко Гошаревски, градоначалникот на Ресен, кој заедно со Свети Николе до сега беа единствените градови кои немаа заболени од корона-вирусот, објави дека дека во теков на денешниов ден на терен се присутни тимови од Центарот за јавно здравје за спроведување на епидемиолошко истражување за сите што биле во контакт со лицето, за кое резултатот е позитивен.

„Почитувани сограѓани, Ресен од почетокот на пандемијата го бележи првиот случај , позитивен на Ковид -19. Во теков на денешниов ден на терен се присутни тимови од центарот за јавно здравје , кои спроведуваат епидемиолошко истражување за сите кои биле во контакт со лицето , за кое резултатот е позитивен . Повикав итна седница на кризен штаб, за која дополнително ќе бидете известени за сите мерки и активности.
Место за паника нема“, објави Гошаревски.

На граѓаните им порача дека мерките и препораките остануваат исти - одржување на дистанца, носење заштитни маски, редовна хигиена.

„И општина Ресен, и јас како градоначалник, но и Вие како одговорни граѓани, мора сите заеднички да дадеме се од себе за што побрзо исчезнување на невидливиот непријател од нашата општина“, додава градоначалникот.


Можеби ќе ве интересира

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ФАКТОР НА ДЕНОТ: ВМРО-ДПМНЕ ќе почне разговори со „Вреди“

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

ДИК: Пристигнати се 17 приговори

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

МУЦУНСКИ: Утре почнуваат разговорите меѓу ВМРО-ДПМНЕ и „Вреди“

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

ЦУК: Oдрони има на патниот правец од Делчево кон Македонска Каменица

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

НИКОЛОВСКИ: Пред нас следува период на внатрешна реформа и реорганизација, по која СДСМ ќе биде обединет

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

OПЕРАЦИЈА „БУМЕРАНГ“: Боки 13 поднесе кривични против Русковска, Заев и други функционери

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

ТИЕ СЕ МЛАДИ, АВАНГАРДНИ И САКААТ ПРОМЕНИ - кои се шестемина пратеници на Левица во законодавниот дом

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

МАКРОН НА МАКЕДОНСКИ УПАТИ ЧЕСТИТКА ДО ДАВКОВА: Франција останува на страната на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија

ЧЕРНЕВА: Oдлагањето на уставните измени е трагична загуба на време на жителите на Северна Македонија