(ГАЛЕРИЈА) „MANGO“ ТРЕНДОВИ ЕСЕН/ЗИМА 2015
Објавено во: Стил 20 Август, 2015
Како и секоја сезона, MANGO колекцијата истакнува различни трендови. Боемскиот стил е вклучен и во оваа есен.
Овој макро-тренд се преосмислува неколку пати во последните сезони и повторно се одбележува со долгите макси фустани.
Колекцијата нуди голем избор на пелерини, пончо и изобилство на текстури во дизајнот.
Украсните реси доминираат како резултат на враќањето во времето на 70тите. Тексас ѕвонраките, широките мантили и шифон кафтаните се предлог модни парчиња за пософистициран стил изработени од лесни материјали.
Трендовите инспирирани од уличната мода, содржат рок елементи, вклучувајќи го и стилот на младешкиот дух.
Кратки фустани од тул, моторџиски јакни, крзнени палта, повеќето изработени од синтетички влакна, ја претставуваат непокорливата страна на зимската сезона. Колекцијата исто така се одликува со војнички стил комбиниран со мажествени финеси.
[gallery ids="171537,171536,171535,171533,171532,171529,171528,171527,171526,171525,171524,171523,171522,171521,171520,171519,171518,171517,171516,171515,171514,171513,171512,171511,171510,171509,171508,171507,171506,171505,171504,171503,171502,171501,171500,171499,171498,171497,171495,171494,171493,171492,171491,171490,171489,171488,171487,171486"]Овој тренд се рефлектира преку модните парчиња со многу копчиња, струкирани сакоа и широки мантили дизајнирани во маслинесто-зелена и морско-сина боја.
-Premium- ОГРАНИЧЕНО ИЗДАНИЕ НА КОЛЕКЦИЈАТА
Седумдесеттите години на минатиот век е главната тема на колекцијата. Вистински омаж на Премиум колекцијата се деколтеата со длабок отвор. Висок струк, костуми од креп материјал и дворедни палта го дефинираат стилот за оваа сезона која и претходи зимата. Пастелни тонови комбинирани со окер, „каки“ и црвени нијанси го обликуваат тоналитетот на колекцијата, која вклучува текстурни комбинации со материјали како превтена кожа и плетени поло маици и геометриски принтови. Лелеавите фустани и елегантните модни парчињапридонесуваат за префинет и софистициран изглед. [gallery ids="171567,171565,171564,171563,171562,171561,171560,171559,171558,171557,171556,171555,171554,171553,171552,171551,171550,171549,171548,171547,171546"]