Добивај вести на Viber
Опишана како приватна, мирна и затскриена, оваа вила е потенцијално најдоброто нешто во цел Малибу ...
Се во се, оваа вила може да биде ваша по цена од десет милиони долари. Оваа неспоредлива и единствена резиденција е дел од Маршал Луис и потекнува од 1983 година. Нејзините прозорци се совршена рамка за поглед на вода, брегови и планини.
Вилата има додатен простор, односно своја приватна плажа, која е сосема доволно затскриена за да може да уживате без никакво снетање. Mоже да шетате со километри, а ниедна друга куќа не е изградена источно од оваа вила, така да нема поглед на љубопитни соседи.
Самата вила има шест спални соби и седум купатила, при што сите спални соби се одделни за совршен одмор и уживање на плажа, со најубав можен поглед. Импресивната дневна соба е спуштена, а има и високи плафони, додека до неа се наоѓа гурманска кујна. Исто така, оваа вила ја красат бројни балкони, создадени за уживање. На долниот кат на оваа вила се наоѓа работна соба, затворен базен , спа, сауна и парен туш. Тука е и големата гаража која нуди сосема доволно простор и содржи хидрауличен лифт.
Доколку од својата нова вила очекувате приватност, плажата и архитектонски значајно ремек дело-оваа вила е одговор на сите ваши барања - вистински уникат. Нејзината претходна цена била 12,5 милиони долари, а сега е во понуда по намалена цена. Се што можеме да ви кажеме е да побрзате за да не ве претекне некој друг.