02 Мај, 2024
0.0307

(ГАЛЕРИЈА) Replay КОЛЕКЦИЈА ЕСЕН/ЗИМА 2015-16

Објавено во: Мои пари, Стил 24 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Новата колекција есен/зима 2015-16 одбележува нов почеток како што Replay еволуира органски и кохерентно, стремејќи се кон посвеж, избалансиран имиџ, но сепак останува доследен на принципите на брендот.

Од архивите на брендот произлегува инспирација за пренасочување навниманието кон логото и етикетирањето, оставајќи нов силен и импресивен графички исказ.

Џинсот станува територија за храбриексперименти, додека пак дизајните на кошулите заземаатпоелегантен правец.Покрај тоа, познатиот еко-пријателски дух на брендот се материјализира во форма на парчиња изработени од вештачка кожа и крзно, употреба на системза перење со искористена вода, односно рециклирање на водата за перење.

Меки, топли и лесни, јакните пружаат максимална удобност и овозможуваат леснотија при движењето. За крај, страста за континуирано предводење на трендовите, го води Replayкон редефинирање на дизајнот, формите и волуменот, материјалите и приспособувањето. Сето ова во тандем со автентичниот талент за дизајн и арт-иновациите резултира со лансирање на двете колекции и го пренесува брендот кон нови хоризонти - посовремени и со повисок квалитет. Четирите главни теми на колекцијата се: Contemporary Vintage, D-signer, Back to Black, Essential

ЖЕНСКА КОЛЕКЦИЈА

Современата винтиџ приказна се врти околу тексас материјалот. Избледени, избелени, искинати, реконструирани, комбинирани со вештачка кожа и ткаенини кои придонесуваат за гламурозен аспект.

Безвременските омилени парчиња облека добиваат нов свеж изглед, како што е случајот со виндјакните со флуоресцентни вештачки крзна, „бомбер јакните“ со интересни релјефни ефекти, моторџиските јакни од вештачка кожа комбинирани со волна. D-signerе проекција на кул урбан стил за преку целиот ден.

[gallery ids="172068,172067,172066,172065,172064,172063"]

Синтетичка гума, најлон, смели бои, графики и текнички напредни принтови на горните делови од облеката, додека долниот дел од облеката е претставен со флуидни линии и материјали во нијанси на црна и сива боја. Свечената облека за вечерни излегувања се одликува со светкави елементи, иризација-прелевање на боите на виножитото, везови од монистра, стриктно дефинирани блузони и „бомбер јакни“ со целосни дизајни или со ефекти на фолија, пасмо, дигитални или фотографски принтови.

[gallery ids="172062,172061,172060,172059,172058,172057"]

Back to blackги величи најтемните нијанси преку презентирање на скроени панталони со бели странични делови, „бомбер јакни“соплетен шав, смокинг без ракависо нитни прикачени на крагната од вештачка кожа. Не се изоставени ни широките моторџиски јакни со ефект на имитација на кожа, макси здолништа од вештачка кожа, како и маички со дигитални принтови.

[gallery ids="172056,172055,172054,172053,172052,172051"]

Во колекцијата Essential, чистиот дизајн во нијанси на сино, сиво и бело се компензира совршено со светлите тонови кои ги дефинираат основите на најновата генерацијата. Памук, тексас и најлон ја комплетираат сликата, заедно со новиот графички израз на Replay логото и шарените реверзибилни монтки.

 МАШКА КОЛЕКЦИЈА

Класичните машки кошули од оксфорд ткаенини и ситна плетка  добиваат нов изглед со макси графички принтови со интересни дизајни.  Подеднакво свежи се и дворедните волнени капути на запетлување кои ќе направат да се издвојувате од останатите. Контрасно, D-signerсе фокусира на супер-остра кројка, во процесот издигнувајќи ги палтата како фундаментални парчиња на колекцијата.

[gallery ids="172081,172080,172079,172078,172077,172076"]

Сакоата со две копчиња со ревери, имаат ракави од вештачка кожа, а поплин кошулите  имаат потесен крој. Колекцијата Back to Black се движи подалеку од големото враќање на нијансирањето кое вклучува и моторџиски референци, сите усовршени со храбро користење на мека и третирана вештачка кожа. Најистакнат пример е екстрадебелата моторџиска јакна со темно сини контрастни рабови.

[gallery ids="172075,172074,172073,172072,172071,172070"]

Повторно, Essential се стреми кон задржување на основните елементи со нов интересен изглед благодарение на елементите каде чистиот дизајн и специфичните детали се спојуваат заедно во палетата на сиви, сини и бели нијанси. Што се однесува на монтките и маичките, даден е акцент на светлите елементи.

Replay_FW2015-16_Look Book_Man_29 (Medium)

Графичките прикази играат со Replay логото на многу колоритни начини, додека пак монтките се реверзибилни.

ЏИНС

Следната зима девојките ќе се одлучат за „скини“ или boyfriend џинс, изминатата избираа помеѓу ултра-растеглив и хиперстреч материјал, за подоцна да одбираат комфорни и нерастегливи фармерки. Палетата на бои се движи од различни нијанси на црна, како и сина бојасо богат енергичен интензитет.WOMAN_SINGLE_01_HR (Medium)

Во суштина, модниот фактор се истакнувапреку типот на конструирањето, материјалот и деталите. Ова се пренесува во моторџискиот стил со отвори и расцепи на колената или пак истите се пополнети и комбинирани со сатенска ткаенина или црна вештачка кожа. Како алтернатива, може да се одбере помеѓу „скини“ џинс со висок струк со стиснати набори, како и џинс со избледен ефект или ситни нитни во декоративна форма.

MAN_SINGLE_01_HR (Medium) Мажите тенденциозно преферираат потесни или „скини“ фармерки, лесни и изработени од ултрамекиматеријали. Црната боја е прикладна за секоја пригода, во комбинација со бела и бледо сина за добивање на контраст.

MAN_DOUBLE_01_HR (Medium)

Модерните винтиџ елементи на избелување, како и залистоците и ефектот на извалканостодат во прилог со расцепувања, закрпувања, вештачка кожа иливосочни парчиња ткаенина. И за двата пола, најголемиот дел од колекцијата е изработенаод меки материјали, додека пак етикетирањето ги следи критериумите на колекцијата.

Можеби ќе ве интересира

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

Забележителен раст на приходите, инвестициите и добивката на Реплек во првиот квартал од 2024 година

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

905.958 граѓани знаат дека „Не е до нив, до тебе е“ - Излези и гласај, затоа што твојот глас е поважен од лајкот на инстаграм!

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Какви игри игравме како деца да се потсетиме?

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Цементарница УСЈЕ го одбележа Светскиот ден на безбедност и здравје при работа

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Остварете го вашиот потенцијал со помош на германска диплома: Обуките на Heidelberg Skopje BUSINESS SCHOOL отсега достапни за сите кои посакуваат ИТ кариера

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор

Твојата иднина е во Халкбанк: Истражи ги неограничените можности за кариера во банкарскиот сектор