ГАСТАРБАЈТЕРИТЕ СЕ ВРАЌААТ ДОМА: Гужва на македонските, но и на границите во регионот
Објавено во: Македонија 19 Декември, 2020
Гужва има на граничните премини.
Иселениците се враќаат во своите земји за претстојните празници. Мерката според која е дозволен влез во Србија со негативен тест за ПЦР, а за граѓаните кои го немаат, пропишаната домашна изолација од 10 дена, наместо од утре, како што првично беше решено, ќе стапи на сила од понеделник, 21 декември. Километарски колони има на граничните премини кон Србија, особено од хрватската страна. Се претпоставува дека причина за овој метеж е стапувањето на силна на новите мерки, односно задолжителниот ПЦР тест или карантин за влез во Србија.