10 Мај, 2024
0.0266

Георгиевски: Спасов се бори да стане поголем бугарофил и гркофил од мене

Објавено во: Македонија 25 Март, 2018

Добивај вести на Viber

Љубчо Георгеивски не остана покус и повторно му реплицираше на Ѓорги Спасов објаснувајќи што точно мислел со изјавата дека сме влегле во дипломатска замка. 

- Во овој момент со господинот Ѓорги Спасов сме на иста страна и посебно ми е задоволство што еве после 20 години тој се бори да стане поголем бугарофил и гркофил од мене, вака експремиерот Љубчо Георгиевски му одговори на Спасов, кој му порача на Георгиевски да не се плаши од директни средби меѓу македонската и грчката влада со цел надминување на спорот за името.

Во изјава за порталот Поглед, Георгиевски појаснува што мислел кога рекол Македонија да се врати на предлозите на медијаторот Метју Нимиц, наместо да се впушта во билатерални средби со Атина.

- Во минатите 20 години, преговарачите од ОН, како господинот Нимиц, даваа предлог, а земјите се изјаснуваа за тој предлог и бараа дополнителни корекции, а она што е многу важно, обично тој предлог беше на една страничка и најмногу со пет шест реченици. Во најновите преговори, имаме обратна ситуација во која очигледно се гледа дека Грција дава свој предлог, а подоцна како што разбравме и Македонија дава свој предлог. И двете страни седнуваат и преговараат за тие свои предлози. Како што разбравме, грчкиот предлог го пишувале 60 грчки експерти и е документ со над 20 страни. Не знаеме македонскиот документ колку страни има. За мене, тоа е парадоксален начин на билатерални разговори за проблемот кој не мачи сите. И не гледам како до тој билатерален разговор за Македонија може да има добро решение – вели Георгиевски.

Тој смета дека подобро ќе биде Македонија да му се обрати на Нимиц и тој да направи еден документ од сите негови предлози во минатите 15 години и тоа да биде појдовната точка од која ќе се преговара.


Можеби ќе ве интересира

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

ФАКТОР НА ДЕНОТ: Лидерите од регионот и пошироко ја честитаат победата на Гордана Силјановска Давкова

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

АЛБАНСКИОТ МИНИСТЕР ЗА ЕВРОПА И НАДВОРЕШНИ РАБОТИ: Го поздравувам историскиот резултат на Албанците во Северна Македонија

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

МИЦКОСКИ: Граѓаните јасно и гласно зборуваа зад параваните

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

„KATИМЕРИНИ“: Атина ја чека заклетвата на Силјановска-Давкова да види како ќе ја нарече државата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

ВЈОСА ОСМАНИ ДО СИЛЈАНОВСКА ДАВКОВА: Честитки што стана првата жена претседател на земјата

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

„ОСТАВКИ СЕГА ВЕДНАШ, НЕ СО ОДЛОЖЕНО ДЕЈСТВО И УСЛОВЕНИ“: Деспотовски побара храброст од врвот на СДСМ да го прифати поразот

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

СТРАШНО НЕВРЕМЕ ВО ГЕВГЕЛИЈА: Паѓаше град со големина на орев

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска

ПАДНА ПАЗАР МЕЃУ УШТЕ НЕОФОРМЕНАТА ВЛАСТ? Еве што сподели професорката Ванковска