Германија бара дополнителен фонд за инфраструктурни проекти на Западен Балкан
Објавено во: Балкан 02 Јуни, 2017
Германскиот шеф на дипломатијата, Зигмар Габриел се залага за воспоставување дополнителен фонд за инфраструктурни проекти на Западен Балкан.
Габриел најави нов план за Западен Балкан – агенда „Берлин плус”, како дополнителен поттик со цел регионот да се направи атрактивна економска средина и локалното население да добие видлив напредок.
Тој вели дека Брисел треба повеќе да се ангажира и да инвестира во овој регион. Габриел во излагањето на Осмата конференција на министрите за надворешни работи од југоисточна Европа „Аспен Институтот за економски и политички развој на регионот“, го потенцираше значењето на засилувањето на регионалната соработка и изрази задоволство од позитивната динамика што ја создаде Берлинскиот процес, додавајќи дека треба да се интензивира.