Германија започна голема операција против терористи
Објавено во: Свет 15 Ноември, 2016
Германските власти почнаа утрово голема операција против терористите.
Таа се одвива во 10 провинции на земјата, вклучително и во нејзиниот главен град. Министерството за внатрешни работи соопшти дека операцијата е насочена против забранетата организација на салафитите „Вистинската религија“.
Како што јавуваат германските медиуми, стотици полицајци извршиле претреси во повеќе од 200 станови.