02 Мај, 2024
0.0276

Ѓорчев: Нека ни ги дадат таблите што ги вадат, ќе ги чуваме на таван оти пак ќе ни требаат

Објавено во: Македонија 16 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Ако ми ја дадете довербата нема да ве изневерам. Ова е пораката која претседателскиот кандидат од ВМРО ДПМНЕ Влатко Ѓорчев денеска ја прати од Струга каде неговата партија ја одржува конвенцијата на која ќе се избере кандидатот со кој опозицијата ќе настапи на преседателските избори.

„Од понеделник тргнуваме заедно сложени. Нема место каде нема да појдеме. Втора работа, кандидат за премиер на ВМРО-ДПМНЕ е нашиот лидер Христијан Мицкоски, партијата е обединета сплотена и сложна“, рече Ѓорчев.

Во дел од говорот тој зборуваше и за промената на името а таблите кои се тргнаа од граничните премини деновиве, рече дека пак ќе се вратат.

„Кога ќе дојде време да ги вадат таблите, а веќе ги вадат, ако треба нека ни ги дадат нам ќе ги чуваме и по подруми и по тавани, ќе дојде време кога повторно ќе ни требаат. Тоа е нашиот аманет, Република Македонија. Мојата програма ќе биде истата онаа која сме ја гласале на конгреси, пред централни комитети, пред граѓаните“, рече меѓудругото Ѓорчев.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање