02 Мај, 2024
1.6396

Ѓорге Иванов: Војната отвори многу прашања кои мислевме дека се затворени

Објавено во: Македонија 16 Март, 2023

Добивај вести на Viber

Претседателот на Република Македонија 2009-2019, д-р Ѓорге Иванов, учествуваше на 26. Евроазиски економски самит на Фондацијата Мармара што се одржа во периодот 13-15 март 2023 година во Истанбул. Главната тема на самитот беше да се прекине недовербата, да се гради соработката.

Главни говорници на свеченото отворање на самитот на тема 100 годишнина на турската република беа поранешниот Претседател на Република Македонија проф. д-р Ѓорге Иванов и реномираниот историчар академик и писател проф. д-р Илбер Ортајли. Претседателот Иванов, честитајќи им го на домаќините едновековниот јубилеј на Република Турција со желби за просперитет, мир, успеси и благосостојба, зборуваше за основоположниците на турската република, Мустафа Кемал Ататурк и Али Фети Окјар, родум од некогашна Отоманска Македонија, односно Румелија. Иванов истакна дека врската меѓу Македонија и Ататурк и Окјар не е само географска, туку тоа е просторот каде се формирал нивниот светоглед, каде учеле колку е важен соживотот, прифаќањето и почитувањето на другите. Претседателот Иванов потсети на визионерската мисла на Ататурк во која тој ја предвидува независноста на Македонија, која години подоцна станува реалност. Македонија имала секогаш силни релации со Турција, раѓајќи големи синови и ќерки, а тоа се секако се и Ататурк и Окјар.

Претседателот Иванов се обрати и на претседателската сесија која беше посветена на анализа на поларизираниот свет по една година од почетокот на руско-украинската војна, во која учествуваа поранешни претседатели на Турција, Романија, Црна Гора, Чешка, Хрватска, Босна и Херцеговина, Молдавија, Косово, Албанија. Во своето обраќање Претседателот Иванов нагласи дека оваа војна отвори многу прашања и конфликти кои мислевме дека се затворени, и дека има четири можни сценарија. Прво, победа на првата страна; второ, победа на втората страна; трето, примирје и мировен договор; и четврто сценарио, замрзнување на конфликтот. Поради тоа имаме потреба од точни проценки како ќе заврши војната за да се избегнат можните последици, бидејќи погрешните проценки имаат тенденција да создаваат дополнителни постконфликтни состојби. Претседателот Иванов рече дека сме сведоци на крајот на една епоха, на еден униполарен свет, а воедно сме соочени со неизвесни алтернативи. Истакна дека ова е време на дигитална трансформација, кога вештачката интелигенција полека ја презема улогата на просветителството, човековиот ум и науката, на што и посочува Хенри Кисинџер во една од неговите последни книги. Со тоа, оние кои ќе доминираат со вештачката интелигенција, ќе доминираат и со светот. Вештачката интелигенција е како огнот – добар слуга, лош господар. Затоа е неопходно да бидеме претпазливи како човекова цивилизација за да не потпаднеме повторно во некој нов вид на ропство.

За време на посетата на Истанбул, претседателот Иванов оствари средби со Вселенскиот Патријарх Вартоломеј, проф. д-р Илбер Ортајли, со повеќето од своите поранешни колеги присутни на самитот, како и со други учесници на самитот.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање