29 Април, 2024
0.0348

Гласот на Охридското Езеро – Проект што ги обединува технологијата, музиката и природата

Објавено во: Мои пари 17 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Македонски Телеком своето традиционално и долгогодишно партнерство со „Охридско лето”, една од најголемите и најважни културни манифестации во земјава, оваа година го збогати со нов иновативен музички проект насловен како „Гласот на Охридското Езеро”.

Проектот ги обединува технологијата, музиката и природата и е во чекор со заложбите на компанијата за користење на технологијата за добро, сонамера да нѐ поттикне да се фокусираме на позитивните страни што ги носи технологијата, и за нејзино искористување за добри цели.

Во тој контекст, остварена е соработка со еден од најиновативните музички композитори во земјава, Џијан Емин, кој благодарение на неограничените можности на технологијата, успеа да ги сними звуците на Охридското Езеро. Станува збор за несекојдневен музички проект преку кој во реално време ќе може да се слушне Охридското Езеро, со сите негови специфичности и посебности, доловено преку посебната музика креирана од Џијан.

За неколку дена и официјално ќе биде функционална интернет страницата, каде што секој заинтересиран во живо ќе може да слушне какви звуци има езерото во длабочина, во различни временски услови (променливо, облачно или во сончеви периоди),.. каков е гласот на Охридското Езеро во туристички пикови и метеж на градските плажи, или колку е мирно и идилично во раните утрински часови.

Станува збор за уникатен музички проект, кој има за цел да нѐ потсети на убавините на Охридското Езеро, на неговото непроценливо значење и вредност, и исклучителната важност за негово зачувување. Видеото можете да го погледнете на следниов  https://youtu.be/XnQbZyyBMPU

Македонски Телеком со оваа активност ја пренесува пораката дека технологијата можеме да ја користиме за навистина корисни и пред сè значајни работи за граѓаните, но и за целото општество, а со овој проект нè поттикнува да станеме свесни за вредноста на нашите природни и културни богатства кои треба да ги зачуваме за генерациите што доаѓаат.

Можеби ќе ве интересира

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк