29 Април, 2024
0.0249

ГМО бактерии ќе дијагностицираат и лекуваат рак

Објавено во: Стил 15 Јули, 2015

Добивај вести на Viber

Научниците од Масачусетскиот Технолошки Институт (MIT) модифицирале изменети стомачни бактерии на таков начин што тие станале способни да откриваат симптоми на болести на органите на дигестивниот систем.

Истражувањето, објавено во списанието „Cell Systems“, дава широки можности за пребарување на иновативни методи за лекување на гастроинтестинални заболувања.

Истражувачката група на чело со професор по информатика и биологија и електротехничка инженеринг Тимоти Лу и професорот по биолошки инженеринг Кристофер Фоит имаат развиено неколку генетски модификации, овозможувајќи им на научниците со точност да ги програмираат бактериите за откривање и лекување на болести на желудникот и цревата дури и рак на дебелото црево.

Во текот на истражувањето научниците се потпирале на претходните обиди во областа на генетскиот инженеринг.

Претходно американски биолози спроведувале слични обиди со бактеријата „E.coli“. Но концентрацијата на овие бактерии во организмот на човекот останала мала - тоа е само 0,1% од гастроинтестиналните бактерии. Затоа научниците се потпреле на „B. Thetaiotaomicro“ која сочинува 12% од бактериите во дигестивниот систем и е присутна кај 46% од луѓето.

„Сакавме да работиме со бактерии кои се присутни кај повеќе луѓе во големи концентрации и можат стабилно да се „населат“ во цревата за долго време“, објаснува изборот на истражувачите доцент Тимоти Лу.

Во текот на работата научниците користеле глувци. Истражувачите појасниле дека развиената од нив генетска модификација им дозволила на бактериите, да се населат во цревата на животните, да „покажат“ што точно јаделе глувците. Освен тоа бактеријата „B. Thetaiotaomicro“ успеала да ја фиксира патологија во организмот.

Можеби ќе ве интересира

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти

Мемедоски е македонскиот претставник на „Светскиот избор за Мис и Мистер за глуви“ во Прага: Бог ме направил различен од другите, но ми подарил повеќе таленти