11 Мај, 2024
0.0306

ГО ОШТЕТИЛЕ БУЏЕТОТ ЗА ДУРИ 4,7 МИЛИОНИ ЕВРА - Царина со кривични пријави против две фирми за шверц на тутун

Објавено во: Македонија 17 Февруари, 2021

Добивај вести на Viber

Царинската управа до Основното јавно обвинителство во Гевгелија поднела кривична пријава против две правни лица со седишта во Тетово и Гевгелија и против три одговорни лица како правни субјекти, поради основано сомневање дека е сторено кривично дело „Недозволено тргување со меѓупроизводи, етил алкохол и тутунски добра односно стоки“, соопшти Царинската управа. 

Станува збор за увезен необработен тутун, со вкупна количина од 146.278 кг. нето, пуштен во промет во акцизното подрачје на незаконит начин, без притоа да се плати акциза во вкупен износ од 281.585.150 денари и камати за ненавремено плаќање од 12.505.380,66 денари или вкупно 294.090.531 денари, односно повеќе од 4,7 милиони евра.

Имено, се работи за десет увози на тутун во лист од типот „Вирџинија“ реализирани од страна на правното лице од Гевгелија во декември 2017 и во текот на цела 2018 година година, по што увезениот тутун наместо да се доработи е пуштен во промет на незаконски начин без да се плати акциза.

Во координација со Основното јавно обвинителство од Гевгелија, инспекторите од Одделението за истраги при Царинската управа извршија претреси на повеќе локации во Скопје заради обезбедување на докази во врска со случајот.

Токму поради огромните штети од нелегалната продажба на режан тутун во државата, Царинската управа во координација со Пазарниот инспекторат и Националниот координативен центар за сузбивање на организиран и сериозен криминал-Биро за јавна безбедност-МВР и други надлежни државни институции спроведува постојани акции за сузбивање нелегална продажба на тутун и тутунски производи.

„Спроведената акција од страна на Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат, е уште еден показател дека нема компромис кога станува збор за прекршување на законите и оштетување на буџетот на коруптивен и криминален начин, во случајов недозволена трговија со тутун. Како координатор на надлежните антикорупциски институции, меѓу кои е Царинската управа и инспекциските служби, бев детално запознаен со случајот и бев во постојна комуникација и координација со Управата и со Државниот пазарен инспекторат. Избегнувањето на плаќање на давачки како што е неплаќањето акциза, е еден од ризичните фактори за корупција при увозот и извозот на стоки, кои сериозно го оштетуваат буџетот. Ги охрабрувам Царинската управа, Државиот пазарен инспекторат и другите надлежни институции да продолжат со координираните и интензивни акции за сузбивање на нелегалната продажба на тутун и тутунски производи. Нема да дозволиме никој да профитира на грбот на граѓаните, тутунопроизводителите,  и на компаниите кои чесно, законски работат и ги плаќаат давачките кон државата“, рече вицепремиерот Николовски.

Само изминативе денови, во рамките на своите редовни активности на Одделението за истраги при Царинската управа и Државниот пазарен инспекторат успешно се реализирани акции за заплена на режан тутун кој нелегално се продава на зелените пазари при што се запленети 284,5 килограми режан тутун наменет за нелегална продажба и 413 кутии по 200 парчиња или вкупно 82.600 парчиња филтри за полнење на цигари. Од страна на Државниот пазарен инспекторат изречени се 11 платни налози за нерегистрирана дејност.

Нелегалната продажба на режан тутун го загрозува здравјето на граѓаните и е пропратена со непочитувања на одредбите од повеќе закони и подзаконски акти, а кои продуцираат штети на државата и државниот буџет.

„Цигарите и режаниот тутун се акцизни производи, за кои се плаќа акциза, а кога ќе се најдат во малопродажба, истите мора да бидат обележани со контролни марки. Контролните марки се потврда дека за тие производи се платени акцизата и останатите давачките на државата, но и дека е извршена контрола на квалиетот. Акцизните производи учествуваат со околу 22 отсто во вкупните даноци кои ги прибира државата, а во буџетските приходи акцизите учествуваат со 13 отсто. Над 40 отсто од приходите од акцизи се од цигарите и тутунските производи. Ако се знае висината на буџетот, станува збор за значаен извор на приходи“, рече Сугарески.

Можеби ќе ве интересира

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Му влегол со оружје во кола кај МАНУ и му барал пари

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Деспотовски не возвраќа на коментарите на Мицкоски: Резултатите зборуваат за мене

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Ѓорѓи Спасов: Не смееше да има зголемување плати и проблеми со замена на документите

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

Али Ахмети: ВЛЕН да се држи до заедничкиот договор

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

ЗАВРШИ ПРВАТА СРЕДБА: За што зборуваше Мицкоски со Меџити, Таравари, Гаши и Касами?

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

Докторот Вучевски од тетовската болница целосно ослободен од обвинение

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

ВМРО-ДПМНЕ: Нема да не заплашат тактиките на страв и манипулација на ДУИ

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа

Мицотакис до ВМРО-ДПМНЕ: И јас не се согласував, но мора да го почитувам Договорот од Преспа