Голем концерт и гушкање на ГТЦ!
Објавено во: Македонија 22 Април, 2015 20:27
За утревечер, со почеток во 20:00 часот, граѓанската иницијатива „Го Сакам ГТЦ“ најавува голем концерт и гушкање на ГТЦ со кој практично ќе заврши широката граѓанска кампања „Излези за ГТЦ“ по повод референдумот за изгледот на градскиот трговски центар кој ќе се одржи в недела.
Организаторите најавуваат спектакл со многу музика, насмевки и прегратки на кој би требало да кулминира љубовта на жителите на Општина Центар кон ГТЦ и нивната одлучност да го задржат автентичниот изглед на објектот кој го доживуваат како свој.
На настанот, пред присутните ќе се обратат претставници на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија, претставници од невладините организации кои ја поддржаа иницијативата, но и неколку истакнати граѓански активисти. Сите заедно, на граѓаните ќе им ги упатат последните пораки околу важноста да се зачува оригиналниот изглед на ГТЦ пред и официјално да започне пред - референдумскиот молк кој ќе трае се до крајот на гласањето в недела.
На концертот пак, кој ќе биде дел од овој завршен настан, ќе настапат голем број познати музички имиња како што се Тони Зен + Бенд (Флека), Златко Ориѓански (со изведба на песни од претставата „Солун град на духови“), Ана Костовска и Симон Киселички, Бени и Нон Стоп, како и Самакутра бенд.
Концертот, заедно со големиот завршен настан, ќе започнат утревечер во 20:00 часот пред самиот влез на ГТЦ од страна на плоштадот. Иницијативата „Го Сакам ГТЦ“ ги повикува сите Скопјани, да дојдат и да се забавуваат и уште еднаш да го гушнат ГТЦ пред одржувањето на референдумот во недела на 26-ти Април.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПОЗНАТО КОЈ ЌЕ ПЕЕ НА ПЛОШТАДОТ ЗА НОВА ГОДИНА: Само македонски пејачи ќе ги забавуваат скопјани
Обвинителството бара притвор за тројца Бугари, шверцувале македонски народни носии
„Најмалку една лиценца за „Пулс“ е издадена додека Бектеши не бил во Македонија“, вели адвокатот Миланов
Георгиевски: Министерот во 2012 година не ја потпиша дозволата за „Пулс“, Обвинителството ја погрешило адресата
Орце Ѓорѓиевски: Кисела Вода не и плаќаше на „Лајка“ зошто не ја добиваше услугата
Мицкоски: Нека најдат Филипче, Фрчкоски и Жерновски еден мигрант од договор и трајно ја напуштам политиката
ПРЕТРЕСИ ВО ЧАИР, АРАЧИНОВО, ЧЕНТО: Се бараат докази за дела поврзани со дрога и оружје
МВР ПОДНЕСЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ПРОТИВ ОЛИВЕР СПАСОВСКИ - поранешниот министер се гони за злоупотреба на службена дејност
„Совеста ми е апсолутно чиста“, вели ексдиректорот на ДЗС Џафероски, обвинет за пожарот во „Пулс“






