Голема огнена стихија во Канада, илјадници евакуирани
Објавено во: Свет 09 Јули, 2017
Властите во Британска Колумбија во Канада мораа да прогласат вонредна состојба бидејќи огнената стихија веќе достигна 200 различни шумски пожари. Токму затоа околу 3000 домаќинства се евакуирани, а се ангажирани голем број на пожарникари кои долго ќе се борат со пламените јазици.
Пожарот зафатил стотина километри од внатрешниот дел на провинцијата. Високите температура им ја отежнува работата на пожарникарите.
Властите се уште немаат податоци за причинетата штета иако има уништени куќи и други објекти.