Голема железничка несреќа во Њујорк - Воз излета во метрото
Објавено во: Свет 28 Јуни, 2017
Во Њујорк се случи тешка железничка несреќа при која два вагони на возот во метрото скокнале од шините откако биле активирани итните кочници. Во несреќата има најмалку повредени 34 луѓе, соопштија властите во градот.
Според информациите, ниту еден не е во критична состојба
Евакуирани се три воза од подземната железница и патниците се на безбедно. На социјалните мрежи се појавија фотографии на кои се гледаат хаотични сцени и чад.
Според Службата за транспорт, причината за несреќата е човечка грешка.