ГОРИ КАЈ ПЛЕТВАР: Сообраќајот е во прекин
Објавено во: Македонија 13 Септември, 2019
Пожар гори кај Плетвар, а во прекин е сообраќајот од Прилеп кон Росоман.
Сообраќајот на патниот правец Прилеп – Росоман од 15.40 часот, е во прекин во двата правци, поради шумски пожар над каменоломот Превој – Плетвар, атар на с.Тројаци кон с.Топлица.