02 Мај, 2024
0.0252

Грчката дијаспора на средба со Нимиц - каква кампања се води против Македонија?

Објавено во: Балкан 26 Септември, 2016

Добивај вести на Viber

Според пишувањата на грчките медиуми, претставници на грчката дијаспора во Америка, пред неколку дена повторно се сретнале со посредникот во спорот за името,  Метју Нимиц. 

Како што јави МИА од Атина, Грците во САД подолго време водат кампања за повлекување на одлуката на американската администрација од ноември 2004 година со која го призна уставното име на Република Македонија.

За последната средба меѓу американските Грци и Нимиц, не се соопштуваат други детали, освен дека е дел од „кампањата на Грците во Америка за повлекување на погрешната одлука на Владата на САД од 2004 година за привремено признавање на Скопје под името ‘Македонија’ која продолжува на повеќе нивоа“.

Организацијата на Грците во Америка, „Пан-Македонска асоцијација“ во април годинава поднесе петиција до администрацијата на Обама со која бара „да се повлече Извршната наредба од страна на администрацијата на Буш од 2004 година, со која земјата ‘ПЈРМ’ ја признава како ‘Република Македонија’”.

Грчкиот весник „Контра Њуз“ објави дека претставници на грчката дијаспора се сретнале со медијаторот, при што „Нимиц ја призна грешката на Џорџ Буш, а и високи претставници на американската политиката денес го признаваат погрешниот чекор од 2004, правдајќи се дека биле под илузија дека ќе го олеснат постигнувањето договор меѓу двете држави“.

И грчкиот шеф на дипломатијата,  Никос Коѕиас, за време на престојот во Њујорк, минатата недела се сретна со претставници на грчката дијаспора кои го информирале за текот на нивната кампања во врска со името на Македонија. 

Коѕиас се сретна со Нимиц, но не се соопштени никакви детали.

Неодамна тој најави дека по изборите во Македонија двете земји треба да разговараат за името. 


Можеби ќе ве интересира

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

БРИТАНСКИ ПОЛИТИЧАРИ ТВРДАТ ДЕКА РУСИЈА САКА ДА ГО ДЕСТАБИЛИЗИРА БАЛКАНОТ: Дали странски војници ќе има и во Босна?

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

СРБИЈА СЕ СЕЌАВА НА МАСАКРОТ ВО „ВЛАДИСЛАВ РИБНИКАР“: Секој 3 мај ќе биде ден на тага и сеќавање

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот