Грчки медиуми: Нискиот процент на излезност ги одбележа претседателските избори во Северна Македонија
Објавено во: Балкан 22 Април, 2019
По официјалните изборни резултати од првиот круг на претседателските избори од земјава, грчките медиуми најмногу акцент ставаат врз малиот процент на излезност на гласачите,но и врз малата разлика помеѓу бројот на гласови дадени за Стево Пандаровски и Гордана Силјановска Давкова.
„Победник, но на самиот раб е Стево Пендаровски“, „Северна Макеоднија ќе оди на втор круг за Претседател, на првиот круг победи неизлезноста на граѓаните“, „Изборен трилер во Скопје – Пендаровски и Силјановска скоро изедначени со гласовите“, „Претседатеслки избори во Скопје – неизлезноста и гласот на Албанците клучни за вториот изборен круг “, овие се само дел од насловите на грчките портали, за вчерашните претседателски избори во земјава.
Во грчките медиуми, исто така пишуваат дека голем дел од граѓаните не излегле на гласање, но и дека голем дел од поддржувачите на власта во земјава бојкотирале, односно не излегле на гласање или пак направиле неважечко лифче.