02 Мај, 2024
0.0268

Грчкиот парламент ги одобри пензиските реформи

Објавено во: Балкан 09 Мај, 2016

Добивај вести на Viber

Парламентот во Грција ги одобри официјално пензиските и даночни реформи, неопходни за добивање на нов пакет на помош од меѓународните кредитори на Грција.

При гласањето на промените, придружуван од бројни протести и немири низ целата земја, 153 пратеници гласаа „за“ промените и 143 „против“.

Сите 153 пратеници од владејачката коалиција - пратениците од крајно левичарската партија „СИРИЗА“ и суверенистката формација „Независни Грци“ ја поддржаа новата серија реформи . Опозицијата, без исклучок, гласаше против промените.

Потсетуваме дека реформата предвидува намалување на највисоките пензии, спојување на повеќе осигурителни фондови и зголемување на осигурителните придонеси и даноци, најмногу за луѓето со средни и високи примања.

Во меѓувреме, Грција беше блокирана од генерален штрајк кој ја парализираше земјата по повикот на синдикатите во знак на протест против реформата. Првично околу 20 илјади лица се вклучија во мирен протест пред парламентот синоќа, кој подоцна прерасна во немири и судири со полицијата. Демонстрантите фрлаа врз униформираните лица со камења, бомбички и столчиња, а тие од своја страна одговорија со солзавец.

Пакетот мерки беше одобрен од грчкиот парламент пред вонредната седница на Еврогрупата во Брисел денес, на која ќе се разговара за помош за Грција.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат