Грчките полицајци приведоа мигранти за немирите на Хиос
Објавено во: Балкан 17 Ноември, 2016
Грчката полиција приведе 37 лица по синоќешните судири помеѓу мигрантите, полицијата и локалните жители на островот Хиос.
Полицијата информира дека нередите почнале синоќа кога мигрантите од кампот Суда упаднале во продавница за пијалаци. Кога пристигнала полицијата мигрантите ја нападнале со камења, а потоа искршиле и други продавници. Мигрантите искршиле и продавница за пиротехника и фрлале петарди кон домовите на локалното население, а сопствениците им се спротиставиле. Околу 100 мигранти поставиле и барикади, а судирите продолжиле до утрото.
Полицијата наведува дека во инцидентите никој не е повреден, а оштетени се неколку автомобили и продавници.
Околу 2.300 луѓе живеат во кампот Суда на Хиос. Приближно 61.000 мигранти се „блокирани“ во земја по затворањето на границите за мигрантите.