ГРЧКИТЕ МЕДИУМИ СПОМЕНУВААТ НОВO ИМЕ: На маса е предлогот „Македонска Република Скопје“?
Објавено во: Балкан 30 Декември, 2017
На маса е предлогот „Македонска Република Скопје“, пишува грчки „Real news“.
Атина не ги гледа позитивно имињата како „Северна“, „Горна“ или „Нова“ Македонија како компромисно решение за спорот со Македонија.
Весникот пишува дека премиерот Алексис Ципрас чека конкретни чекори од Скопје, ако сака да има договор за името.
Неделното издание на весникот „Елефтерос типос“ на три страници ги анализира македонско – грчките односи. Во првиот дел, во анализата под наслов „Се згуснуваат меѓународните притисоци за решавање на скопското прашање“, предупредува дека во следниот период, а особено пред НАТО Самитот во јули следната година, не е исклучена можноста да се зголемат меѓународните притисоци за решавање на долгогодишниот спор. Според весникот, САД веќе имаат многу посериозни проблеми како што се Блискиот исток и Турција и не би сакале уште еден проблем на Балканот.
„Елефтерос типос“ пишува дека во прашањето за името не се очекуваат суштински случувања до пред крајот на јануари, за кога е закажана втората средба на медијаторот со преговарачите од двете земји.