Грција бара итна европска помош за гасење на пожарите
Објавено во: Балкан 16 Август, 2017
Грчките власти не можат сами да се справат со огнените стихии и побараа итна помош од државите-членки на Европската Унија. Грција барра да и се позајмат авиони и хеликоптери за гаснење на пожарите откако пожарникарите веќе трет ден се борат со огнената стихија северно од Атина, но и голем број на европски држави се соочуваат со слични проблеми.
Противпожарната служба на Грција наведе дека Кипар испратил 60 пожарникари за да им помогнат во гаснењето. Околу 400 грчки пожарникари и војници со поддршка на канадери и десетина противпожарни камиони се обидуваат да го стават под контрола големиот пожар меѓу местата Варнавас и Каламос, околу 45 километри северно од Атина.
Засега никој не е повреден во пожарот, но најмалку 20 куќи се оштетени.
Грчките пожарникари се борат и со пожарите на Пелопонез и на островот Закинтос.