02 Мај, 2024
0.0285

Грција будно ги следи договорите и напредокот меѓу Македонија и Бугарија

Објавено во: Балкан 24 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Постигнатите договори и напредокот на соработката со нормализирање на односите со будно око се следи и во Грција. Под наслов „Договорите меѓу Бугарија и ПЈРМ се порака до соседите“, грчкиот весник „Та Неа“ се осврнува на десетте потпишани билатерaлни договори, меморандуми и протоколи за сорaботка на првата заедничка седница на владите на двете земји одржана вчера во Струмица.

Договорите се за соработка во секторите на енергетиката, одбраната, туризмот и технологиите, а компетентните министри потпишаа договор за проучување на маршрути за изградба на нова гасна врска меѓу двете земји. Во тоа истражување ќе биде земен предвид и текот на реализиција на гасните врски меѓу Грција и Бугарија, и Бугарија и Турција, јави БТА повикувајќи се на грчкиот весник.

„Та Неа“ го цитира македонскиот премиер, дека со договорите политичките раководства на двете земји испратиле силна порака кон регионот и целиот свет, дека на тој начин се гради пријателство, се спроведува политика на добрососедство, се развива соработка и се обезбедува долгорочна стабилност.

Исто така се истакнува дека бугарскиот премиер ја поддржал перспективата за членство на Македонија во НАТО и ЕУ и оти следното бугарско претседателство со Европскиот совет, како и следните претседателства на Австрија, Романија, и Хрватска ќе треба да бидат искористени со цел во следните две години да има реален напредок во однос на европската перспектива на Западен Балкан, а во тие рамки и на Македонија.

Во текстот се истакнуваат и дадените уверувања на двајцата премиери, дека до крајот на годината Договорот за пријателство, добрососедство и соработка ќе биде ратификуван од парламентите на двете земји и оти се чека одговор од Бугарската православна црква на писмото од МПЦ во кое македонската црква побара од бугарската да и биде „црква –мајка“.

Во врска со ова „Та Неа“ пишува дека „православната црква на ПЈРМ во 1967 еднострано се отцепи од српската патријаршија и објави автокефалност, која не ја признава ниту една православна црква во светот“.


Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

УШТЕ ЕДЕН СТУДЕН БРАН ЌЕ УДРИ ВО ЕВРОПА И НА БАЛКАНОТ: Дали ни доаѓа многу ладен бран со дожд, снег и мраз?

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“