01 Мај, 2024
0.0253

Грците имаат јасна позиција и три барања за да се реши името

Објавено во: Балкан 12 Јануари, 2018

Добивај вести на Viber

Портпаролот на грчката Влада, Димитрис Ѕанакопулос, во интервју за радиото Солун 94.5 изјави дека промена на уставното име, употреба во внатрешноста на земјата и заложба Владата зад себе да го остави иредентизмот, се барањата од официјална Атина за постигнување решение за спорот меѓу Македонија и Грција. 

Тој вели дека се почнати интензивни преговори со соседите, но и дека грчката позиција е јасна.

Портпаролот рече дека Грција не може да ја прифати иредентистичката реторика од минатото.

„Владата гарантира дека ќе постои решение само доколку постои јасна заложба од страна на нашите соседи дека ќе ги остават зад себе сите иредентистички и ултранационалистички ставови, што во минатото беа искористени од нивна страна и во рамки на преговорите и во рамки на градењето на една национална свест. Овие работи не можат да бидат прифатени од грчка страна. Грчката Влада гарантира дека нема да постои решение доколку нашите соседи ги задржат иредентистичките стремежи“ - објаснува Ѕанакопулос. 

Ѕанакопулос вели дека намерата на Владата е да постои најширок можен парламентарен и политички консензус за евентуалното решение. 

Атина деновиве ги отфрла шпекулациите објавени на сајт на албански јазик дека наводно е постигнат договор за името Нова Македонија.

На релација Скопје - Атина интензивно има активности со цел наоѓање на спорот за името. 

Вчера во Грција имаше и средба на шефовите на дипломатиите, Никос Коѕиас и Никола Димитров. 

Каков предлог ќе извади на маса пред Скопје и Атина медијаторот Метју Нимиц ќе знаеме на 17 јануари.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат