ГРЕШКА СО ЗНАМИЊАТА: Македонската армија се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд
Објавено во: Македонија 19 Април, 2024
Македонската армија и се заблагодари на Норвешка со знамето на Исланд.
„Моторните возила од Кралството Норвешка веќе се на својата крајна дестинација. По нивното распоредување, армиските единици ќе добијат поголема транспортната способност и мобилност”, напишаа од македонската Армија.
И претходно имаше грешки со знамињата.
На масата меѓу двајцата министри се вееја словачкото и македонското знаме.
Австрискиот канцелар Себастијан Курц во 2018 година го пречекаа со погрешно знаме на официјалната церемонија на дочекот пред Владата.
Место австриско, на јарболот до Курц имаше латвиско знаме.