Грк убил Албанец по кавга за името на Македонија
Објавено во: Балкан 04 Декември, 2018
По кавга за името на Македонија, Грк убил Албанец во Грција.
Петрит Зифле, е 63-годишен мигрант од Албанија кој работел на фарма на островот Крф. Него го убил 44-годишен локален жител по расправија за името на Македонија во кафеана.
На 25 ноември Зифле, се вмешал во гласното дебатирање на соседната маса, на која при аргументирањето за Македонија биле клеветени и расно навредувани сите негрци. Петрит возвратил, при што дошло до кошкање, за на крајот да бидат разделени, а жртвата си заминала од локалот испратена со пцости и закани.
Подоцна членот или симпатизер на Златна зора му направил заседа на Зифле, го убил со ловџиска пушка и телото го фрлил во ендек покрај локалниот пат меѓу Драготина и Спартера, три километри од Лефкими. Таму е најден трупот следното утро од локален жител што поминувал со автомобил.
Полицијата попусто го пребарувала морското дно во близина во потрага по оружјето, но на вистинската трага ја одвело делче од пушката најдено на местото на злосторството. Убиството е расчистено за пет дена. Убиецот го признал делото и е приведен.