29 Април, 2024
0.0304

Grouper попустите наскоро достапни и за граѓаните на Косово

Објавено во: Мои пари 13 Мај, 2019

Добивај вести на Viber

Кога зборуваме за успешни македонски старт-ап приказни во топ 3 секогаш го вбројуваме Grouper.mk, кој прерасна во препознатлив и влијателен бренд на мекедонскиот пазар и водечка компанија за е-трговија  која ја промени оваа индустрија во земјава. Преку понудата на атрактивните попусти Grouper успеа да привлече илјадици граѓани да ја направат својата прва онлајн трансакција и со тоа да се позиционира како game-changer на македонскиот пазар.

Успешната приказна на лидерот во е-трговијата и креаторот на едни од најуспешните онлјан маркетинг кампањи е препознаена и надвор од границите на нашата држава, па така наскоро најголемите попусти и најдобрите промоции ќе можат да ги уживат и граѓаните и бизнисите во Косово.

Од Grouper велат дека се среќни што нивната професионалност и посветеност низ осум годишното градење на успешен македонски бренд се препознаени и надвор од земјава.

“Ни претставува задоволство да споделиме дека Grouper наскоро ќе биде присутен на уште еден пазар. Grouper Kosovo (www.grouperkos.com) e франшиза на домашната компанија ВЕБСПОТ ДОО, сопственик на брендот Grouper  која наскоро ќе започне да ги нуди најголемите попусти и најдобрите зделки на косовскиот пазар, во соработка со бројни компаании кои веднаш ја препознаа моќта на Grouper како промотивна алатка за нивните бизниси. Веруваме во потенцијалот на партнерот кој го одбравме, сигурни сме дека неговото искуство и капацитет ќе придонесат за успешно работење на новиот пазар и прераснување на GrouperKosovo во препознатлив бренд како што е тука. Во изминатиов период напорно работевме на подготовките на франшизата, како и стратегијата за настап на пазарот. Заслугата на она што е Grouper денес, се темели на напорна работа,  константно учење и следење на трендовите, што не би било возможно без нашиот тим од 17 млади ентузијасти и креативци, кои работат со пасија и со задоволство прифаќаат предизвици” - вели Д-р. Нина Ангеловска, косопственик и директор на Grouper.mk и Forbes 30 Under 30

Grоuper.mk беше лансиран во 2011 година како прва платформа за групни попусти во Северна Македонија. Денес, опслужува над 200.000 корисници во соработка со над 3000 компании чии производи и услуги ги промовира онлајн. Минатата година тимот на Grouper ja заврши со добиваање на наградата Најдобар сајт во Македонија за 2018,  а отворањето на франшизата е уште еден доказ за успехот и популарноста на овој македонски бренд.


Можеби ќе ве интересира

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

ВЕЛИГДЕНСКИ БОНУСИ ВО ПРОГРАМАТА ЗА ЛОЈАЛНОСТ НА 2win.мк

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг

Прашања од граѓански организации до политичките партии пред следниот изборен круг