Грците на нозе против мерките за штедење
Објавено во: Балкан 08 Мај, 2016
Грчките граѓани излегоа на улиците на Атина за да протестираат против планираните реформи на пензискиот и даночниот систем, за кои вечерва ќе се гласа во грчкиот парламент.
Според полициските проценки, 15.000 луѓе излегоа на маршот во Атина и Солун против мерките што ЕУ и ММФ бараат Грција да ги донесе, а пред утрешниот клучен состанок во Брисел на министрите за финансии од еврозоната.
Марш пред парламентот во Атина се одржа и вчера, во организација на синдикатот поврзан со Комунистичката партија на Грција. Со нив се и голем број земјоделци, кои со месеци протестираат против планираните реформи.
За вечерва е планиран и протестен концерт против реформите на плоштадот Синтагма.
Сообраќајот е затворен во центарот на Атина, а има и големо присуство на полиција.