02 Мај, 2024
0.0285

Груби се повлече од Комисијата за селекција на кадри од УБК

Објавено во: Македонија 25 Јуни, 2019

Добивај вести на Viber

Пратеникот oд ДУИ, Артан Груби се повлече од Комисијата која треба да ги селектира кадрите од УБК. По само неколку часа откако е избран, тој преку писмено соопштение најави дека поради премногу обврски не може да учествува во работата на оваа комисија. 

„Во врска со  Заклучокот на Комисијата за надзор  над работата на Управата за безбедност и контраразузнавање и на Агенцијата за разузнавање, донесен на Шестата седница на Комисијата, оддржана на 25 јуни 2019 година, во кој сум предложен,  да учествувам  во работата на Комисијата за селекција  и избор на работници од Управата за безбедност и контраразузнавање, поради преголеми други обврски Ве известувам дека не сум во можност да учествувам во работата на оваа Комисија“, напиша Груби.

Заедно со пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Трајче Димков беа избрани да учествуваат во Комисијата за селекција на кадрите. Во Комисијата треба да учествуваат и двајца членови од МВР, двајца од Синдикатот, и директорот на Националната агенција.

Новата Агенција за национална безбедност која ќе ја замени досегашната Управа за безбедност и контраразузнавање треба да профункционира од септември.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање