01 Мај, 2024
0.0305

Груевски: Тргување со највисоките државни и национални интереси не смее да се дозволи

Објавено во: Македонија 08 Септември, 2017

Добивај вести на Viber

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски упати честитка по повод Денот на независноста 8-ми Септември.

Вели дека како држава издржавме бројни искушенија и поминавме многу премрежја. Груевски наведува дека 26 години подоцна како народ и како држава повторно минуваме низ период во кој е потребно многу мудрост, храброст и одлучност во носењето на одлуките и делувањето. 

„Повторно минуваме низ период во кој се отвораат прашања што длабоко задираат во нашиот идентитет и немаме веќе ни малку простор и комоција да дозволиме непромислени одлуки чии последици би ги чувстувале долго во иднина. Антидржавните и антинационалните политики мора да ги оставиме зад нас. Тргување со највисоките државни и национални интереси не смее да се дозволи. Убеден сум дека единствени и сплотени, со јасно зацртана визија и цел, ќе успееме Република Македонија да ја направиме подобро место за живеење за сите нејзини граѓани, држава каква што сакаме да им оставиме на нашите деца“- стои во честитката на Груевски.

Потсетува дека доколку пред 26 години сонот на тогашните генерации била независна Македонија, сонот на нашата генерација е економски стабилна и просперитетна држава, единствена, меѓународно признаена и почитувана. Овие цели заедно со добро трасираниот пат кон ЕУ и НАТО се насоките кон кои се стремиме и за кои секојдневно треба да работиме. Груевски вели дека секој од нас има сон и идеи за својата иднина, но најважна е идејата за заедничка иднина.

Можеби ќе ве интересира

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Петгодишно дете пронајденo со полиција во паркот во Сарај

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Пронајдена човечка коска од гробишта каj Клинички центар

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Од МВР нема одговор за „вооружената група во Чаир и Бутел“

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Чувар на паркинг пронајден починат во куќарка

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Каевски и Мојсовски сметаат дека политички се обвинети од ОЈО

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Нема да се знае кога ќе биде доведен Палевски, поради безбедносни причини

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Деспотовски: Ново партиско раководство што ќе подаде рака кон членството

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Изет Меџити кандидат за министер за внатрешни работи: Ќе видиме наредните денови

Водно денес без место за паркирање

Водно денес без место за паркирање