10 Мај, 2024
0.0271

Груевски: Владата на Заев ич да не патува ќе заштеди дупло

Објавено во: Македонија 22 Март, 2018

Добивај вести на Viber

На фантастичната сума од 8 милиони евра за следните 11 години која СДСМ како предводник на Владата би ја заштедил од вкупните трошоци, Груевски мајтапџиски им порача ич да не патуваат во странство и на тој начин да заштеделе дупло, односно 16 милиони евра. 

Овие бројки доаѓаат по промоцијата на новата дигитална алатка за отчетност и транспарентност на Владата на РМ, со што секој граѓанин во било кое време ќе може да провере колку пари потрошиле досегашните функционери и колку всушност трошат сега новите. На тој начин треба да се предизвика и одговорност кај владините функционери да не се расфрлаат со државни пари, да работат чесно и домаќински, бидејќи на увид на јавноста ќе бидат сите трошоци. 

Груевски упати критики за патувањата на новата Влада за кои смета дека немаат ефект за разлика од времето во кое тој бил премиер патувањата имале конкретни цели и привлекувале многу инвестициии. 

„Политичарите кога патуваат, патуваат со одредени цели, а јас секогаш кога сум патувал сум имал одредена цел. Од она што можам да го забележам СДСМ и Заев помалку патуват отколку што патувавме ние, гледаме дека нема никакви ефекти од нивното патување“ смета Груевски. 

Како резултат на тие патувања, екс премиерот рече дека тоа се отворените работни места во државата.

Во споредбата на првите шест месеци на владата за 2017 година предводена од Заев согледано е дека се потрошени вкупно 21.890.462 денари, а владата на Груевски за истиот период во 2014 година потрошила 44.909.835 денари. 

Изборот за трошење на државни пари на една од владите на Груевски е направен за споменатиот период, затоа што тоа било година која исто како сегашнава влада функционирала по изборите.


Можеби ќе ве интересира

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

АНГЕЛОВ ЗА ДИВО НАСЕЉЕ: Се ќе беше поинаку доколку, оние кои требаше, го сфатеа сериозно моето предупредување

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

ЗАРАДИ ЛОШИОТ ИЗБОРЕН РЕЗУЛТАТ, СЕ БАРА ОСТАВКА ОД АРСОВСКА: „По ваквиот резултат јасно е дека таа го загуби кредибилитетот да го води Скопје„, вели Стефковски

ПО ИЗБОРИТЕ СЕ ОГЛАСИ И АХМЕТИ: Ќе продолжиме да бидеме штитот од штетното руско влијание

ПО ИЗБОРИТЕ СЕ ОГЛАСИ И АХМЕТИ: Ќе продолжиме да бидеме штитот од штетното руско влијание

ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО НИЗАТА: И Лукаревска заминува од подпретседателското место во СДСМ

ПАДНА УШТЕ ЕДНА ОСТАВКА ВО НИЗАТА: И Лукаревска заминува од подпретседателското место во СДСМ

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА: Која иднина ја нудат пратениците од оваа партија?

НАЈЧЕВСКА ПРАШУВА ЗА ПРАТЕНИЦИТЕ НА ЛЕВИЦА: Која иднина ја нудат пратениците од оваа партија?

ЕВЕ КАКВИ ОБЛАЦИ НАДВИСНАА ВЧЕРА НАД СКОПЈЕ: Некаде имаше град, некаде пороен дожд и силни електрични празнења

ЕВЕ КАКВИ ОБЛАЦИ НАДВИСНАА ВЧЕРА НАД СКОПЈЕ: Некаде имаше град, некаде пороен дожд и силни електрични празнења

„ГОСПОДА МАЖИ, ДРЖЕТЕ СЕ, СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ НА ДЕЛО ШТО Е ЖЕНСКА СИЛА“: Малеска вели, оти претседателката најавила дека ќе се опкружи со жени слични на неа

„ГОСПОДА МАЖИ, ДРЖЕТЕ СЕ, СЕГА ЌЕ ВИДИТЕ НА ДЕЛО ШТО Е ЖЕНСКА СИЛА“: Малеска вели, оти претседателката најавила дека ќе се опкружи со жени слични на неа

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Има одрон на патот

ВНИМАВАЈТЕ НА ПАТОТ ГОСТИВАР - МАВРОВО: Има одрон на патот

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување

МОЖНО Е ИЗЛЕВАЊЕ НА КРИВА РЕКА, АКО ПРОДОЛЖИ РАСТОТ НА ВОДОСТОЈОТ: ЦУК со предупредување