Групата во која имало и Македонец добиле по 10.000 евра да направат нереди кај „Гробари“!?
Објавено во: Балкан 15 Декември, 2017
Српски „Информер“ пишува дека шест лица од Хрватска и други хулигани од странски земји добиле по 10.000 евра да направат хаос на фудбалскиот натпревар меѓу Партизан и Црвена Звезда. Покрај Хрвати, приведено има и Грк, Бугарин и Македонец.
Српскиот весник пишува дека сите се собрале по барање на поранешен лидер на навивачката група „Алкатраз“, кој заедно со своја група бил исфрлен од трибината пред неколку години. Сега, тие се обиделе да ја вратат власта во своите раце, земајќи предвид дека Јужната трибина ја нема моќта која ја имала во минатото.
На насловната на „Информер“ пишува дека инцидентот имал за цел да направи немир и во државата, односно да ја потресе стабилноста на власта, предводена од Александар Вучиќ.
Во големата тепачка која се случи на стадионот на Партизан во Белград учествувале и хрватски државјани, а има шпекулации дека во нападот учествувале и хулигани од Романија, Грција, па дури и Македонија.