29 Април, 2024
0.0353

Групација Триглав најавува стабилно и успешно работење и во 2016 година

Објавено во: Мои пари 18 Декември, 2015

Добивај вести на Viber

Групацијата Триглав, водечката осигурителна и финансиска групација во Словенија и во Адириа регионот, со речиси 5.400 вработени на седум пазари во југоисточна Европа, во 2016 година доследно ќе ги спроведува зацртаните стратешки цели. Фокусот останува на финансиската стабилност, изразена со високата бонитетна оценка, како и со безбедноста и профитабилноста на работењето. Во 2016 година групацијата ќе продолжи да ја зајакнува и консолидира својата позиција во регионот, земајќи ги во предвид спецификите и можностите на секој поедеинечен пазар.

Макроекономските услови во државите во коишто делува групацијата се стабилизираат, но на пазарот на осигурувањето ова подобрување и понатаму ќе заостанува и ќе се одвива постепено. Земајќи го во предвид овој тренд, како и очекуваниот резултат на штети и пониската добивка од финансиските инвестиции, групацијата во 2016 година планира добивка пред оданочување во износ од 80 до 90 милиони евра, консолидирана бруто полисирана премија во висина од околку 900 милиони евра и комбиниран количник од околу 95%.

Осигурителните компании на Групација Триглав ќе работат во исклучително конкурентни опкружувања, каде важна улога ќе имаат спецификите на поединечните осигурителни пазари. Зачестеноста и обемот на големите поединечни штетни настани (поплави, град, бура) се очекува да бидат на слично ниво како и во претходните години.Групацијата и понатаму ќе продолжи да биде фокусирана на клиентите и да ја зајакнува ефикасноста на сопствената продажна мрежа. Во согласност со деловната стратегија,пензиските и здравствените осигурувања остануваат важни сегменти, како во Словенија, така и на пазарите во Југоисточна Европа, кадеГрупацијата Триглав е присутна.

На пазарот на капитал не се очекуваат поважни промени – особено на пазарите со обврзници. Ќе се задржи и делумно зајакне релативно конзервативната структура на инвестициите, со фокус на инвестиции со фиксна добивка и натамошни инвестиции на финансиските пазари коишто обезбедуваат, подобра ликвидност, диверсификација и очекувана профитабилност.

Андреј Слапар, Претседател на Управата на Заваровалница Триглав, изјави: „Во 2016 година во Европската Унија ќе започне да се применува новата директива на Солвентност 2. Оваа директива на осигурителните компанииим овозможува воведување на надграден систем за управување со ризици, со цел обезбедување на сигурноста на осигурениците и финаниска стабилност на самите осигурителни компании. Во Триглав успешно ги завршивме сите развојни активности поврзани соовој проект. Нашиот профил на ризик е сега урамнотежен и обезбедува долгорочнафинансиска стабилност и профитабилност на компанијата. Во поглед на инвестициите и обврските,направивме одредениприлагодувања во начинот на модифицираното пресметување на капиталните барања. Проактивно пристапивме кон промената во начинот на донесувањена одлуки на сите нивоа вогрупацијата. Новата директива неизбежно влијае накорпоративната култура, давајќи поголема тежина и фокус на управувањето со ризиците,за разлика од досега, когаусогласеноста со правилатабеше во главниот фокус. Оценуваме дека адекватноста на капиталот на Заваровалница Триглав, мерена споредметодологијата на Солвентност 2, ќе остане соодветно висока.„

Можеби ќе ве интересира

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

ЏЕКПОТ МАНИЈА, СУПЕР ТУРНИР НА 2win.мк

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

„Рамка за помош“ на НЛБ Групацијата е проект создаден за организации како нас, многу деца, училишта ќе ја добијат нашата поддршка и опрема која ќе придонесе за подобро утре: Борче Стаменов за „Донирај компјутер“

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Менаџментот на NOVOMATIC свечено ги отвори вратите на Grand Casino Admiral

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Третиот дел на „Солунска 28“ од д-р Неле Карајлиќ е најпродаван наслов од „Арс Ламина“ на Саемот на книгата 2024

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

Успешен и профитабилен прв квартал од 2024 за НЛБ Банка

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

ТРИКРАТНИОТ ШАМПИОН ИГОР ИЏЕ СТЕФАНОВСКИ ВО ПОХОД ПО НОВА ЕВРОПСКА ТИТУЛА

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

„A1 Academy” заокружи уште еден успешен модул – Бизнис аналитика

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Хуманитарен велигденски настан во Веро центар за лицата со церебрална парализа

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид

Караванот „Не е до нив, до тебе е“ утре патува во Скопје и во Охрид