02 Мај, 2024
0.0289

ХАН ЗА ЗАПАДЕН БАЛКАН: Еден погрешен збор може да доведе до конфликт

Објавено во: Балкан 11 Февруари, 2017

Добивај вести на Viber

Комесарот за проширување и соседска политика, Јоханес Хан во интервју за интернет изданието на германскиот весник „Цајт“ изјави дека еден погрешен збор може да доведе до конфликт на Балканот  и затоа Европската комисија мора да се ангажира за поголем економски развој. 

„На луѓето им треба перспектива, има висока невработеност кај младите, има одлив на образовани луѓе и ЕК мора да ги запре овие процеси“ - кажа Хан.

Еврокомесарот индиректно ја критикува Европската унија за својот однос кон Западен Балкан. Смета дека  Брисел не може во исто време да говори за правна држава и демократија и да продолжи луѓето од западниот Балкан да ги поместува тука и таму како на шаховска табла. Хан предупредува дека балканскиот национализам не е резултат само на односот на ЕУ кон регионот и подигнувањето на ѕидови кое, како опција за однос кон Балканот постои во унијата, туку и на активностите на Русија, кои тој не може да ги нарече хибридна војна, но сепак се обид да се влијае на развојот на настаните во регионот.

Според него, ЕУ е во подобра позиција од Русија во регионот затоа што земјите од Западниот Балкан се силно ориентирани кон Брисел и затоа секој политичар што сака да бие повторно избран на функција мора да биде насочен кон Унијата. За Хан целта на ЕУ мора да биде насочена кон членство на сите земји од западниот Балкан во ЕУ затоа што споредувајќи го регионот со тава полна со масло вели дека само едно запалено чкорче би било доволно за се да пламне.

Можеби ќе ве интересира

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат

АКО ДЕНОВИВЕ ОДИТЕ ВО БЕЛГРАД, ВНИМАВАЈТЕ НА НОВИТЕ КАМЕРИ: Ова се локациите на кои демнат камерите, еве кои прекршоци автоматски ги регистрираат