02 Мај, 2024
0.0301

HAPPY MONDAY - НАГРАДНА ИГРА НА ШПАРКАСЕ БАНКА

Објавено во: Мои пари 06 Ноември, 2017

Добивај вести на Viber

Шпаркасе Банка Македонија од денес ја започна Happy Monday, новата наградна игра за корисниците на дебитнитe и на кредитните картички Mastercard, со богат фонд на парични награди. Во периодот од 6 ноември до 31 декември клиентите на Шпаркасе Банка имаат можност да освојат дневни награди по 5.000,00 МКД, неделни награди по 50.000,00 МКД и главна награда во износ од 500.000 МКД за најсреќниот добитник.

Корисниците на картичките од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка учествуваат во наградната игра со секоја поединечна трансакција во износ над 300,00 МКД, направена на продажните места или преку e-commerce. Со секоја трансакција корисниците добиваат по една шанса за учество во наградната игра, што значи колку повеќе трансакции толку повеќе шанси за добивка.

Во извлекувањата ќе бидат доделени вкупно 56 дневни награди во износ од 5.000,00 денари во кои учествуваат сите трансакции направени конкретниот ден на кој се однесува извлекувањето, 8 неделни награди во износ од 50.000,00 денари во кои учествуваат сите трансакции направени во календарската недела на која се однесува извлекувањето и 1 добитник на главната награда во износ од 500.000,00 денари, коj ќе се извлече од сите трансакции направени во текот на наградниот период.

Право на учество во наградната игра имаатсите полнолетни физички лица – државјани на Република Македонија,  корисници на дебитните или на кредитните картички од брендот Mastercard издадени од Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје.

Главното извлекување на наградите ќе се одржи на 9.1.2018 год., со почеток во 12:00 ч., во просториите на Дирекцијата на Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје, во присуство на комисија составена од нотар и од двајца официјални претставници од Банката. Добитниците на наградите ќе бидат извлечени автоматски, по принципот на случаен избор со помош на специјален софтвер изработен за таа намена.

За повеќе информации околу наградната игра Happy Monday, посетете ја официјалната веб-страница www.sparkasse.mk или најблиската експозитура на Шпаркасе Банка Македонија.

*Комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Со задоволство Ви го преставуваме ГРАНД СКОПЈЕ, како PRIME SPONSOR на Конференцијата за комерцијални недвижности во Скопје, Македонија

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Дали ја знаете играта Царица? Можеби ја знаете ама во вашиот град има друго име

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Подобрени резултати во првиот квартал поттикнати од извозот и ефектот од вреднување на залихите во услови на зголемени меѓународни цени на горивата

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Наградна игра „ЕВРОТИП МИЛИОНЕР“

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

Државната изборна комисија го заокружи едукативниот караван „ТИ СИ НА РЕД“ во битолскиот и тетовскиот регион

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

СУПЕР МИЛИОНЕР ЏЕКПОТ НА ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА Е ВО ЗОНА НА ПАЃАЊЕ

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

Посета во Бимилк: 200 деца од градинката „Пролет“ го научија патот на млекото

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

ЕВН и „Макпетрол“ ќе постават 10 брзи полначи за електрични возила низ цела Македонија

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година

Македонски Телеком продолжува со силен финансиски раст и во првите три месеци на 2024 година