Харадинај и се заканува на Србија, нема да постоела на Косово
Објавено во: Балкан 26 Мај, 2017
Поранешниот командант на ОВК и сегашен лидер на Алијансата за иднина на Косово, Рамуш Харадинај, кој е кандидат за премиер, вели дека „Србија нема да постои на Косово“ ако тој ќе стане претседател на владата.
Харадинај е кандидат на коалицијата меѓу Демокартска партија на Косово, Алијанса за иднина на Косово, Иницијатива за Косово и други девет помали партии.
„Ние немаме проект проблеми со Србија, но таа нема да постои на Косово. Значи, државата Србија нема да има никаква улога на Косово“ - рече Харадинај во Пеќ.
Српскиот претседател, Александар Вучиќ претходно смета дека „евентуалниот избор на Харадинај за премиер на Косово ќе претставува проблем за Србија“.
Претседателот на Косово, Хашим Тачи распиша вонредни парламентарни избори за 11 јуни.
Ова не е првпат Харадинај со своите изјави да ја провоцира Србија.