02 Мај, 2024
0.2246

Хојт Ји: Ќе го поддржиме влезот на НАТО на секоја земја од регионот

Објавено во: Балкан 13 Мај, 2017

Добивај вести на Viber

САД и натаму силно ќе се залагаат за земјите од Западен Балкан да станат членки на НАТО доколку секако и самите го посакуваат тоа. Заменикот помошник американски државен секретар Хојт Брајан Ји на 2БС Форумот, кој вчера се одржуваше во Будва изјави дека влегувањето на Црна Гора во НАТО е најдраматичната промена, иако многу работи се случиле во регионот оваа година.

- Видовме застрашувачка националистичка реторика и политики на поделби, видовме солзавец во Собранието на Косово, политичари во Република Српска кои се закануваат со отцепување, толпа која упадна во Парламентот во Скопје, опозиција во Црна Гора, која го бојкотира Парламентот. Со цел сето тоа да се избегне лидерите во регионот мора да најдат политичка храброст за неопходните, но непопуларни реформи во интерес на граѓаните. Се надевам дека новиот премиер на Косово ќе има храброст да ја усвои спогодбата за разграничување со Црна Гора - рече Ји. 

Тој нагласи дека САД исто така ќе застанат зад секој земја во регионот, која има таква цел.

- Ќе го поддржуваме и НАТО како столб на глобалната безбедност. Партнерството на САД и ЕУ нема да се менува. Америка е посветена на Алијансата - наведе тој.

Според него влезот на Црна Гора во НАТО ќе ја зајакне конзистентноста на политиката на отворени врати, но ја открива одлучноста на Русија да го поткопа напредокот на Балканот на европскиот и евроатлантскиот пат, почнувајќи од, како што кажа „дрскиот план за Подгорица и поддршките на движењата во Босна, до напорите да се изолира Косово“.


Можеби ќе ве интересира

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

„ЗА ТИЕ ПАРИ...“: Луѓето револтирани од цените на Јадранот

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

Бугарија го повика хрватскиот амбасадор откако Милановиќ им рече дека се последни

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

„КУЌАТА СИЛНО СЕ ТРЕСЕШЕ, ИЗБЕГАВМЕ СИТЕ НАДВОР“: Жител на Кладово за земјотресот што утрово ја стресе Србија

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ЕВЕ КАКВИ ДОКУМЕНТИ ТРЕБА ДА ИМАТЕ ЗА ДА ВОЗИТЕ АВТОМОБИЛ ВО ГРЦИЈА: Некои од нив се, некои не се задолжителни

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ПРОЕКТ МИСТИЧЕН БАЛКАН: Четири земји од Западен Балкан донесуваат туристи од САД

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

ЗА СРЕБРЕНИЦА: Босанскиот суд ќе гони Србин затоа што го негирал геноцидот

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

УБИСТВО ВО ГЕРМАНИЈА: Косовски Албанец уби Србин во Дизелдорф

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

„ЛИДЛ“ ВО СРБИЈА СО НЕОЧЕКУВАН ПОТЕГ: германската компанија го откажа рекламирањето на „проруските медиуми“

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци

СТАН ЗА 200 ИЛЈАДИ ЕВРА: Во оваа балканска држава цената на становите летна во облаци