ХРТ ПРЕДИЗВИКА ДИПЛОМАТСКИ СКАНДАЛ: Крим го споија со Русија
Објавено во: Балкан 03 Декември, 2018
Хрватската радио телевизија во дневник предизвика дипломатски спор со Украина.
Украинската амбасада во Загреб на својот профил на Фејсбук жестоко ја нападна ХРТ поради прикажувањето географска карта на која Крим е прикажан како дел од Русија.
Картата е прикажана во позадина за време на интервју со хрватската министерка за надворешни работи, Марија Буриќ кога бил најавен денешниот дипломатски собир во Загреб.
„Таквото искривување на информациите го сметаме за непримерно предизвикување на територијалниот интегритет на Украина“, стои во реакцијата на украинската амбасада во Загреб.Велат дека картата што ја објави ХРТ е во спротивност со официјалниот став на Владата на Република Хрватска, која цврсто го поддржува суверенитетот и територијалниот интегритет на Укрина, а исто така и консолидарната позиција на Европската Унија, ОН, како и на другите меѓународни организаици, кои ја осудија руската окупација и анексија на Крим.
Украинската амбасада побара од Хрватска јавно извинување поради ширење искривени информации со молба такви ситуации во иднина да не се повторат.